(ВИДЕО) Меган Маркл отворено за причините поради кои го напушти кралството

Веќе со недели се говори за интервјуто на избеганите членови на кралското семејство – Меган Маркле и принцот Хари – и најпознатата тв водителка Опра Винфи. Особено затоа што беше најавено дека ништо нема да изостават и дека конечно „ќе ги отворат“ картите“ за нивното заминување од најпознатото кралско семејство како и за причините кои довеле до тоа.
Иако, принцот Хари беше кај популарниот Џејмс Корден, каде пиејќи традиционален англиски чај, и слатки и сендвичи се возеа низ Лос Анџелес, и разговараа на многу теми, се чини дека правата вистина за проблемите и ставовите ќе ги откријат токму во интервјуто со Опра Винфри.
Популарната Винфри го посетила парот во нивниот дом во Монтесито, Лос Анџелес, а Меган Маркл на својот профил на Инстаграм објави фотографии и видео.
Во најавата за интервјуто се наведува дека нема да има тема која нема да биде допрена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e