(ВИДЕО) Мараја Кери и по 24 години заработува од Божиќниот хит

Еден од најпопуларните божикни хитови, All I Want For Christmas Is You, е снимен во 1994 година, а американската пејачка Мараја Кери (50) со изведбата на овој хит се најде на врвот на музичките топ-листи. Сето тоа се повторува секоја година за Божик.

Без оглед на фактот дека песната е објавена пред 24 години, All I Want For Christmas Is You сè уште се емитува на радиостаниците,што на пејачката и носи годишен приход од околу 800 000 американски долари, пишува Дејли меил.

Американската пејачка секоја година на својот најголем божикен хит заработува голема сума пари, а само оваа година All I Want For Christmas Is You ѝ донесе милион долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e