(ВИДЕО) Игор и Илина за прв пат заедно пред камера зборуваа за својата врска

Иако многумина ќе речат дека 2020 година не беше најдобра, сепак македонскиот шоумен и некогашен водител Игор Џамбазов, дефинитивно годинава ќе ја памети по баво, со оглед на тоа дека тоа дека му се случи љубов.

Годинава Игор започна љубовна врска со Илина Арсова со која неодамна прослави шест месеци љубов.

Овој пат, Игор и Илина во емисијата „Еден на еден“ првпат заедно се појавија пред камери и зборуваа за нивната љубов, за тоа како се запознале, Џамбазов исто така откри дека напишал нова љубовна песна, дека се чувствува заљубен како тинејџер.

Џамбазов открива како се запознал и вели дека тој прв ја побарал за да се запознаат, а Илина пак вели дека воопшто не е љубоморна како партнерка.

„Јас ја побарав и реков: Сите сакаат да се запознаат со мене, јас сакам да се запознам со тебе. Тогаш имаше пауза, па слушнав: „Може“. И се дружевме три дена“, вели Џамбазов.

Илина вели дека не е многу љубоморна.

„Јас не сум од тие најљубоморните жени во светот. И обично не се борам за позиција кога има некој таков, ако гледам дека не сум пожелна си се повлекувам“, вели Арсова.

За време на интервјуто Игор откри и дека Илина е прв човек кој го запознал во животот , а има повеќе приказни од него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e