(ВИДЕО) Ѓоковиќ ги учи децата од белградските улици како се игра тенис

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш ја покажа својата големина.

Српскиот тенисер додека го шетал своето кученце низ улиците на Белград наишол на група од деца кои побарале помош од него. Да научат некоплку основи удари во тенисот.

Популарниот Ноле без размислување одлучил да им се посвети на децата и да им покаже неколку основи удари во тенисот.

Ѓоковиќ на радост на сите присутни им објаснил на децата како правило се држи тенискиот рекет и уште неколку работи.

Членот на стручниот штаб на кошаркарската репрезентација на Србија Адам Таталовиќ случајно се нашол на вистинското место и го снимил краткиот час по тенис на Новак.
-Не се случува чесно да видите како „Бројот 1“ во светскиот тенис држи часови на деца од маало, додека го шета своето куче низ Белград. Новак Ѓоковиќ е апсолутно фантастична личност на теренот но и надвор од него, напишал Таталовиќ под видеото кое го објавил на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e