(ВИДЕО) Фановите во шок од новиот спот на Били Ајлиш

Пејачката Били Ајлиш го објави новиот спот за песната „Lost Cause“ и наиде на многу негативни коментари од страна на нејзините фанови.

Ајлиш сама го режираше овој спот во кој игра, скока и јаде брза храна со другарките.

19-годишната пејачка во текот на кариерата нагласуваше дека сака да ја почитуваат според нејзината музика, а не според нејзиното тело, па затоа сега ги изненади фановите со новиот спот.

„Дали ви недостасува старата Били“, „Били тверка, не можам да поверувам“, „Што ти направија“, „Ова е лошо, воопшто не ми се допаѓа“, се дел од коментарите на разочараните фанови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e