(ВИДЕО) Елена доби престижна награда на музички настан во Истанбул

Македонската пејачка Елена Ристеска пред повеќе од 2 години ја стави на пауза својата музичка кариера и се посвети на својот нов бизнис – „Еra cosmetics“.

Имено, таа го лансираше својот машки и женски парфем, a од неодамна и гелови за туширање.

Пејачката се пофали дека се враќа на својата стара љубов односно музиката, но не откри дали подготвува нешто ново и дали ќе издаде нова песна.

Меѓутоа, пејачката на пред два дена присуствуваше на манифестацијата „Best of Rumeli“ во организација на Сојузот на румелските балкански здруженија“ која се одржа во Турција каде се закити со најградата најдобар изведувач од Македонија.

На настанот присуствуваа познати турски имиња, како и познати ѕвезди од регионот меѓу кои и Ханка Палдум, Елена Ристеска, Биг Мама, а некои од нив добија и награди.

„Ви благодарам од срце. Многу ми е драга оваа награда. Многу ми значи. Чест ми е што сум тука, на овој прекрасен фестивал „Rumeli Best of festival“ во оваа прекрасна земја Турција која е пријателка на мојата држава Македонија. Ви праќам бакнежи од мојата Македонија и моите Македонци. Ве сакам“, изјави Ристеска при примањето на наградата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e