(ВИДЕО) „Елегантно, а сепак провокативно“: Цеца настапи во тесен проѕирен фустан од тантела со длабок шлиц

Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ синоќа одржа спектакуларен настап во Шведска и ги маѓепса сите со својот предизвикувачки стајлинг.

Цеца на сцената се појави во тесен елегантен фустан со тантела, кој на некои делови е проѕирен. Оваа креација одлично и прилегаше на пејачката, истакнувајќи ја нејзината заносна фигура.

Фустанот имаше длабоко деколте, но и шлиц, што даваше посебна доза на провокација. Цеца блескаше и беше видно расположена, па играше на сцената и никој не можеше да и го тргне погледот од неа.

„Бомба!“, „Изгледа прекрасно“, „Убава, овој фустан е шлаг на тортата“, „Никогаш не изгледала подобро“, „Цецо, ти блескаш“, „Елегантно, а сепак провокативно“, „Леле!“, „Не можам да погледнам колку добро изгледа, атмосферата е одлична“, се дел од коментарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e