(ВИДЕО) Бојана ја промовираше новата песна „Круна“

По подолга пауза на македонската музичка сцена со нова песна се враќа и познатата пејачка Бојана Скендеровски.
Овојпат нешто сосема друго, нов музички правец за кој е заслужен еден од најдобрите композитори во нашата земја, Николче Мицевски.

„Круна“ е името на нејзината песна, за која како кажавме како автор се потишува Николче, додека пак текстот е дело на Сара Пројковска. Таа беше промовирана вчеравечер во живо на фејсбук-страницата на Бојана.
Да бидам искрена не беше лесно да се избере песна, бидејќи ова е мое враќање на македонската музичка сцена ако може да се каже така и сакавме со Николче да биде нешто навистина одлично. Преслушав и доста други песни од други композитори, но највеќе верував дека ова е песната со која треба да се вратам, изјавува Бојана.
За песната Бојана сними и видеоспот на кој работеше професонална екипа од продукцијата „Скендеровски“, а истиот се снимаше на неколку локации во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e