Весна Бејби со емотивен статус за Тоше: Како вчера да си правевме муабет пред снимање, па излеговме да ми го покажеш туарегот

Тоше Проески на денешен ден пред тринаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

По тој повод многу музички ѕвезди споделија емотивни статуси на социјалните мрежи.
Меѓу нив е и статусот на Весна Петрушевска Бејби која и после 13 години се потсеќа на моменти поминати со Тоше.

„13 години Тошеневеројатно…како вчера да си правевме муабет пред снимање, па излеговме да ми го покажеш туарегот…се смеевме како подзакривуваш со ногата и како си ја повредил..колку беше убав,колку беше убав таа вечер…изморен, смирен, насмеан…ми кажа уште нешто таа вечер…те сакам, недостасуваш…врне и сега…како и оној понеделник…“, напиша на својот Инстаграм профил Весна Бејби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e