Вереничкиот прстен на Меган Фокс вреди цело богатство, но крие морничава тајна

Свршувачката на Меган Фокс (35) и Ган Кели (31) со денови е главна тема на медиумите, но дури сега прстенот дојде до израз и како и се друго во нивната врска, прстенот предизвика општ гнев.

Објавата на Меган Фокс дека таа и Ган Кели се вериле го обиколи светот, а луѓето особено ги згрози тоа што за да го „запечатат“ чинот на свршувачката, ја испиле крвта на еден од друг. Но, се покажа дека тие не застанаа тука.

Имено, самиот веренички прстен има вознемирувачка симболика која ја откри Ган.

– Овие две срца всушност се поврзани со трње. Така, ако се обиде да го соблече, ќе ја повреди – објаснил раперот, додавајќи дека „љубовта боли“. Тој исто така открил дека прстенот може да се расклопи и да се подели на два прстени.

Имено, прстенот се состои од два камена, зелен и сребрен, кои ги симболизираат нивните споени срца.

– Концептот е дека прстенот може да се расклопи и од него да се направат два прстени. Кога се заедно, тие се држат на место со магнет. Па гледаш како се поврзува? И тогаш две одделни солзи формираат срце – објаснил Кели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e