„Тресеше како да нема крај“ – Јелена проговори за земјотресите во Хрватска!

Актерката Јелена Јованова или попозната по улогата од „Преспав“ во која ја глуми Јелена од Драчево, моментално е во Хрваска со својот сопруг и својот син, кој го роди во месец март кога исто така имаше земјотреси.

По овој повод и за да ги смири своите блиски и сите кои се загрижени за неа, таа напиша статус на Фејсбук, кој откри дека таа и нејзините најблиски се добри, живи и здрави.

„Живи и здрави сме! Психички се почувсував ми се чини за цел живот! Тресеше како да нема крај и како да ќе нема утре! Не можам на сите да ви пишам посебно, неизмерно благодарам за вашата грижа! Страшно и жално за оние кои останаа без своите најмили и без кров над глава! Чувајте се! Верувам ќе помине и ова и ќе биде конечно добро.“ – напиша на својот Фејсбук профил актерката Јелена Јованова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e