Том Круз набавил роботи кои на сет ќе следат дали се почитуваат мерките против Ковид-19

Познатиот актер Том Круз воопшто не штедел да набави два роботи за да спречи ширење на корона за сетот во Велика Британија, каде што се снима седмиот дел од „Невозможна мисија“, но и да осигура дека филмската екипа се придржува до мерките.

Наводно, пишува The Sun, софистицирани роботи патролираат за време на снимањето, а тие можат и да тестираат кој било од екипата за коронавирус во секое време.

58-годишната холивудска sвезда се решил на оваа идеја откако два пати им се развикал на сетот на луѓето кои ја прекршиле физичката дистанца. Круз скапо платил за двата роботи, според извор на „Сан“, за да се обезбеди снимање и покрај пандемијата, додавајќи дека сетот од Велика Британија наскоро ќе се пресели во Дубаи.

“Роботите се многу софистицирани и малку застрашувачки. Тие изгледаат како Терминатор, но не толку насилни. Од друга страна, Том има среќа што воопшто снима и целиот тим се обидува да го заврши филмот”, велат од сетот. Според „Сан“, Круз инвестирал милиони за изградба на студио во поранешната воена база со сите мерки за заштита од короната, за да се осигури дека остатокот од снимањето на филмскиот хит ќе се одвива непречено.

Целиот тим, наводно, се сели од Сари до Хертфордшир кон поранешната тенковска база. Сето ова било решено откако пет члена на филмската екипа поднеле оставка затоа што Круз, викајќи, по втор пат им прочитал писмо за кршење на мерките, притоа не штедејќи воопшто на навреди на сметка на веќе нервозните членови на продукцијата. Откако американскиот актер ги видел членовите на тимот на компјутерскиот екран како стојат на растојание од помалку од еден метар, им се заканил со зборовите: „Ако те фатам повторно, тоа е … готово си“.

Пред да пристигне во Велика Британија, Круз веќе го снимал седмиот дел од оваа популарна филмска франшиза во Рим. Дел од снимањето било направено во Венеција, Норвешка и, се разбира, Велика Британија. Но, филмот веќе претрпе бројни одложувања и доцнења со снимањето токму поради пандемијата на коронавирусот. Многу од најзначајните сцени требало да бидат веќе снимени во Италија, која во еден момент беше центарот на светската пандемија.

Во средината на октомври, тој дури имал тешки разговори со режисерот Кристофер МекКвари, откако наводно 12 лица на сетот биле позитивни на корона. Здравствените власти потоа се обиделе да дојдат до сите заразени контакти откако снимањето било откажано, надевајќи се дека се работи за изолиран случај. Круз, според „Сан“, искеширал дури 500 000 фунти од сопствениот џеб за крстарење, каде што актерите и филмската екипа можеле да поминат време во изолација. „Невозможна мисија 7“ треба да пристигне во кината на 19 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e