Том Брејди и Жизел Бундшен го продадоа луксузниот стан во Њујорк за 37 милиони долари

Познатиот американски рагбист Том Брејди и неговата партнерка, бразилската манекенка и глумица Жизел Бундшен, го продадоа својот луксузен стан во Њујорк.

Том и Жизел претходно го продадоа и имотот во Бостон, Масачусетс, САД, а сега се разделуваат со луксузниот стан во њујоршката општина Менхетен. Него го продадоа за 37 милиони долари.

Станува збор за стан кој има пет спални соби и тераса од вкупни 176,5 квадратни метри. Меѓу нив има и просторија за забава, вежбалница и базен.

Двојката платила 25 милиони долари за станот во 2018 година, што покажува дека оствариле значителна заработка. Тие имаат и помал стан во истата зграда, кој го задржаа за себе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e