Сузана Манчиќ проговори за секс-снимката: На децата им реков да не кажуваат дека сум им мајка!

Една од најпознатите лото-девојки во поранешна Југославија, Сузана Манчиќ (64), се присетила на тешката ситуација во која се наоѓала откако во 2005 излезе во јавноста нејзината снимка со секс.

Во 2005 година, јавноста беше шокирана кога се појави видео-снимката на која Сузана води љубов со поранешниот сопруг.

Сепак, никогаш не се дозна кој ја објавил секс-снимката на Манчиќ и поранешниот сопруг.

Водителката сега признала дека се разболела од силниот стрес.

– Никој не ми помогна, освен неколку пријатели и децата. Во еден момент им реков никому да не кажуваат дека сум нивна мајка, а мојата Наталија ми рече: „Горда сум што си моја мајка“. Тоа се некои работи што ве воздигнуваат. Никогаш не знаете што ве чека во животот, но мора барем пред себе да бидете чисти. Од силниот стрес имав зголемен холестерол, добро поминав, можеше да биде и многу полошо – признала Манчиќ за српските медиуми.
Таа претходно рече дека во тоа време ѝ било исклучително тешко бидејќи, поради смртта на нејзината мајка, веќе била емоционално разнишана.

– Се чувствував како да ме обесиле гола среде Теразије. Поради смртта на мајка ми, јас веќе бев емотивно потресена, а моите две девојчиња беа во критичните години на пубертетот. Тие требаше да одат на училиште, а јас морав секој ден да излегувам на улица. Се чувствував засрамено и никогаш не ми било потешко во животот, а уште потешко ми беше, затоа што некои тврдеа дека самата јас сум го објавила видеото во јавноста – изјавила водителката.

Во тоа време, атрактивната Сузана веќе пет години се дружела со грчкиот банкар Симеон Оцомокос, нејзиниот сегашен сопруг.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e