Српскиот професор по група е во притвор откако се откри дека силувал своја малолетна студентка

Српски Блиц дознава дека на професорот Мика Алексиќ му е одреден притвор. Порталот кој ексклузивно го објави сведоштовото на српската актерка Милена Радуловиќ, која го обвинува професорот по глума за силување пишува дека Вишиот суд во Белград донел таква одлука за Алексиќ да не може да влијае на сведоци, но и заради вознемиреност во јавноста.

Познатата глумица Милена Радуловиќ претходно раскажа дека Алексиќ ја силувал додека таа била малолетна и дека тоа се случило повеќе пати.

Милена Радуловиќ раскажала дека таа и неколку девојки од кои некои биле малолетни, пријавиле во полиција дека ги силувал или сексуално вознемирувал Мирослав Мика Алексиќ, сопственик на училиште за глума. По овие пријави, Алексиќ бил уапсен, а оваа приказна направи голема бура во Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e