Сопругата на Надал открила зошто не сака да присуствува на неговите турнири, но и зошто се уште немаат деца

34-годишниот тенисер Рафаел Надал, секоја победа најпрвин ја прославува со 32-годишната Циска Перељо, ако е во публика, но таа често ги избегнува рефлекторите.

Инаку, Марија Франциска Перељо, попозната како Циска, работи во осигурителна компанија и дипломирала претприемништво, а покрај тоа е и проект директор во фондацијата на Рафаел Надал која промивира лична и социјална интеграција и развој на деца и млади низ спорт во Шпанија и Индија. Според пишувањата на странските медиуми, парот ја започнал својата врска со 2005 година, иако се познавале многу години претходно.

Веридбата ја објавија во јануари 2019 година, а се венчаа во октомври истата година. Рафаел и Циска се венчаа во дворецот „La Fortaleza“ на шпанскиот остров Мајорка каде е роден Надал.

Сопружниците немаат деца, но Надал своевремено изјавил дека му се допаѓа да се замислува во улога на татко. Истакнал дека би сакал тој и Циска да причекаат да ја заврши тениската кариера за да можат во целост да им се посветат на децата.

„Би сакал да имам деца: синови, ќерки… Јас сум личност која сака деца и сум семеен човек“, изјавил тенисерот.

Циска во едно од ретките интервјуа објаснила зошто одлучила да не присуствува на повеќето тениски мечеви на својот сопруг. Имено, таа истакнала дека сака да го сочува нивниот однос и дека не сака да му ја нарушува концентрацијата, следејќи го насекаде.

„Нему му треба простор кога се натпреварува и самата идеја да се провлекувам таму и да чекам ако случајно му затребам ме заморува. Тоа би ме гушело и Рафаел би се грижел за мене. Доколку го следам насекаде, мислам дека не би се сложувале толку добро“, заклучила Перељо.

Инаку, таа нема профили на социјалните мрежи, а Надал ретко споделува нивни заеднички фотографии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e