Селена Гомез призна: Поради пандемија страдав од депресија!

Селена Гомез сподели искрено за тоа како почетокот на пандемијата на коронавирусот влијаел на нејзиното ментално здравје.

Во интервју со д-р Вивек Мурти преку Инстаграм во живо, пејачката пред својата публика откри дека минувала низ депресивен период кога пандемијата пристигнала во САД.

„На почетокот едноставно не можев да се справам со тоа и паднав во депресија“, вели Гомез.

„Мојата работа вклучува многу патувања, комуникација и работа со многу луѓе, а тоа мене единствено ме прави среќна, а сето ова со пандемијата беше борба“, додаде Селена Гомез.

Пејачката исто така рече дека сега се чувствува подобро.
„Полека, кон крајот, открив дека тоа што го правев беше многу возбудливо за мене. Работев на мојата козметичка линија која има за цел да собере 100 милиони американски долари во следните десет години кои ќе се донираат за подобрување на ментално здравје на луѓето“, сподели Гомез

„Неодамна започнав да одам и во студио. Поминав низ сè со вистинските луѓе и правејќи ги вистинските работи и вистинските чекори за да не полудам “, искрено рече пејачката, објави, Just Jared.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e