Саша Ковачевиќ го затвори својот ресторан во Белград, еве која е причината

Популарниот пејач Саша Ковачевиќ (35) го затвори својот ресторан во Нов Белград, поради пандемијата и моменталната состојба со короната.
Како мерка на претпазливост, пејачот одлучи да го затвори својот ресторан со цел да ги заштити своите работници, но и поради недостатокот на обем на работа.

Подобро е да се спасиме себеси, да ги спасиме луѓето и вработените кои работат во ресторанот, но и да се спасиме сите од некои маки.

– Сигурно луѓето се во страв, тие живеат со страв со денови, месеци, воопшто нема моменти кога луѓето можат да се релаксираат заедно со семејството и пријателите и да уживаат во ручек, вечера … Ќе почекаме некои подобри времиња или барем да се смири оваа состојба за да можеме да продолжиме да работиме.

– Единствено жалам за луѓето што работат таму, што немаат никаков приход, извор на пари со кои би можеле да му помогнат на своето семејство, но јас велам, на сите нас ни е многу тешко.

– Се обидувам да научам лекција од сè, да гледам на сè со позитивни очи, без оглед колку беше темно. Најважно е дека сите сме живи и здрави, и сè друго, се разбира, ќе дојде во свое време – истакна Ковачевиќ во емисијата „Шок поток“.

Пејачот посочи дека причина за затворањето, покрај претпазливост, е и недостатокот на работа, и дека откако епидемиолошката состојба ќе биде поповолна, тој повторно ќе го отвори ресторанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e