Роберт де Ниро се повредил за време на снимање, итно пренесен во болница

Познатиот актер Роберт Де Ниро бил итно пренесен во болница за време на снимањето на филмот во Оклахома, а според странските медиуми, актерот ја повредил ногата и веднаш бил примен во болницата во Њујорк.

Сè уште не е познато во каква состојба е актерот и колку е сериозна неговата повреда.

– Како и да е, Роберт требаше да патува во Њујорк две недели, така што нема да има одложување во снимањето на филмот – изјави портпаролот на актерот.

Да потсетиме, неодамна беше објавено дека Де Ниро и Грејс Хајтауер во моментов минуваат низ бракоразводна парница, што наводно му го влошува животот на актерот и значително влијае на неговите финансии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e