Протекоа нови детали за смртта на сопругот на Николина Пишек: Откриено е на каква масажа бил

Во Белград на 44-годишна возраст почина српскиот историчар на уметност Видоје Ристовиќ.

Медиумите пишуваат дека сопругот на водителката Николина Пишек починал во салон за масажа, а сега се појавија нови информации за неговата смрт.

Имено, се чека обдукција за да се знае точната причина за смртта. Видоје наводно бил во салон за масажа, а масерката била постара жена од околу 60 години. Станува збор за масажа која се изведува со струја, каде наводно масерката физички не го допирала.

Сега се отвори уште едно прашање, а тоа е можноста тој да починал поради проблем со апаратот, кога биле користени електричните делови. Но, сето ова во моментов не е потврдено.

Во станот на Врачар пристигнала Николина, но и првата сопруга на покојниот Видоје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e