Проекција на филмот „Ќерки на прашината” на Џули Даш во Скопје, Битола и Струмица

Американскиот филм „Ќерки на прашината” на Џули Даш од 1991 година, вечер од 19 часот истовремено ќе биде прикажан во Центарот за култура Битола, кино „Фросина“ во МКЦ Скопје и во Музеј – Струмица, со почитување на здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19.

Проекцијата е по повод „Месецот на црнечката историја во САД“ и е организирана од Амбасадата на САД во Скопје и Филмската програма на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ на Тиииит! Инк. – Скопје, во соработка со локалните партнери.

Овој филм на Џули Даш е првиот американски игран филм во режија на Афроамериканка што имал широка кинодистрибуција, а Џули Даш е единствената Афроамериканка чиј игран филм е дел од Националниот филмски регистар на САД. Се работи за исторски значајно и наградувано дело, кое продолжува да инспирира, така што албумот „Лимонада“ (Lemonade) на Бијонсе е омаж на „Ќерки на прашината”.

Според организаторите на настанот, „Ќерки на прашината“ е важен филм поради тоа што се спротивставува на линеарното читање на историјата, но и на линеарните структури и форми во филмот, што се историографски поврзани со доминантниот канон на Холивуд.

– Џули Даш е авторка која е дел од „Одметниците од Ел Еј“ (L.A. Rebellion), група на африкански и афроамерикански филмски автори и авторки со утописки визии и родова чувствителност, кои отворено и храбро ги преиспитуваат сите воспоставени матрици и мудрости, и се идентификуваат со движењата за ослободување во Третиот свет, отворено инсистирајќи на црнечкото. За нас, црнечките слики не се само начин на поставување на црнечкиот американски наратив од маргините кон центарот, туку и на сите други алтернативни наративи: женското, антиколонијалното, другото, изјави Кумјана Новакова, кураторката на филмската програма на Фестивалот „Прво па женско“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e