Принцот Филип префрлен во друга лондонска болница

Британскиот принц Филип денеска беше префрлен во друга болница откако речиси две недели беше хоспитализиран во во лондонската приватна болница „Крал Едвард Осми“ поради инфекција.

Бакингемската палата денеска потврди дека војводата од Единбург е пренесен во болницата Свети Бартоломеј.

Принцот Филип (99) ќе остане во болницата Свети Бартоломеј до крајот на неделата.

Принцот Чарлс кој го посети неговиот татко во болница изјави дека војводата од Единбург не е заразен со Ковид-19, туку дека се лекувал од инфекција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e