После 4 месеци Џиџи Хадид конечно го откри името на својата ќерка

Американската манекенка и супермодел Gиџи Хадид (25) конечно го откри името на нејзината ќерка, која ја роди во септември 2020 година.

Познатата манекенка го откри интересното име што таа и нејзиниот партнер и го дадоа на својата ќерка.

Имено, славната манекенка на фановите им го откри името на својата ќерка, која ја доби со пејачот и поранешен член на групата „One Direction“, Зејн Малик (28).

Познатата манекенка ја смени биографијата во описот на профилот и го напиша името на бебето на социјалната мрежа Инстаграм, каде ја следат 62,9 милиони следбеници.

„Каина мама“, напиша таа.

Имено, бебето се вика Каи, а нејзиното име е од виетнамско потекло и значи „силно“ или „избрано“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e