Портпаролот на Џонсон за интервјуто со принцот Хари и Меган: Тоа се прашања за бакингамската палата

Британскиот премиер Борис Џонсон не го гледаше телевизиското интервју со принцот Хари и Меган, кое се емитуваше во текот на ноќта, но верува дека секое прашање од интервјуто е исклучиво работа на Бакингамската палата, изјави денеска портпаролот на Џонсон.

– Очигледно тоа е работа на Палатата, рече портпаролот на прашањето за коментарите на Меган дека некој од британското кралско семејство изразил загриженост за тоа колку може да биде темна кожата на нивниот син.

– Премиерот претходно рече дека нема место за расизам во оваа земја, тој тоа го рече во неколку наврати, потсети портпаролот на Џонсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e