Поранешниот музичар на „Guns N’ Roses“ ќе стане татко на 60 години

Музичарот и неговата 24 години помлада сопруга Ејс Харпер ќе станат родители по осум години брак. Тие, среќната вест ја споделија на своите инстаграм-профили со своите следбеници и пријатели.

Поранешниот тапанар на „Guns N’ Roses“, 60-годишниот Мет Сорум и неговата сопруга, 36-годишната танчерка Ејс Харпер го очекуваат своето прво дете.
„Изненадување! Девојчето Сорум ни доаѓа во јули. Ние сме воодушевени од овој Божји дар. И покрај сите авантури што сме имале можност да ги доживееме заедно, ниту една не може да се спореди со радоста што ја чувствуваме сега кога создадовме семејство. Едвај чекаме и сме возбудени да му ги покажеме на нашето дете сите чуда на овој свет“, напиша Мет во описот на неколкуте фотографии на кои позира заедно со својата сопруга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e