Почина музичката легенда Горѓе Балашевиќ

Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина денес на 67-годишна возраст, дознава „Блиц“.

Веста ја пренесе „Блиц“, а РТС наведува дека им била потврдена. За медиумите се јави и неговата ќерка Беба, која само кратко потврди дека Ѓорѓе Балашевиќ починал.

Балашевиќ беше примен на Инфективната клиника во Белград пред три дена, каде се лекувал од пневмонија.

Лекарите ги презеле сите потребни мерки за лекување, но немало подобрување, пренесува весникот. Попладнево неговата состојба дополнително се влошила заради претходните хронични здравствени проблеми.

За жал, неколкучасовните напори на лекарите на КЦВ не вродија со плод, а Балашевиќ почина три месеци пред неговиот 68 роденден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e