Почина еден од најдобрите гитаристи во рок историјата

Почина Еди Ван Хален, еден од основачите на легендарната хард рок група Ван Хален. Тој имаше 65 години.

Ван Хален починал денеска откако, се бореше со рак на грлото, а веста за неговата смрт ја сподели неговиот син Волфганг.

“Не можам да поверувам дека го пишувам ова, но татко ми, Едвард Лодевик Ван Хален, утрово ја изгуби долгата и мачна битка со ракот. Тој беше најдобриот татко што можев да го замислам. Секој момент што го поминавме заедно на сцената или надвор, беше подарок. Срцето ми е скршено и не мислам дека некогаш ќе се опоравам од оваа загуба. Те сакам, тато”, напиша Волфганг.

Еди, според ТМЗ, се борел со рак повеќе од една деценија. Според нив, тој минатата година бил неколку пати во болница, а неодамна бил на хемотерапија.

И покрај тоа, тој продолжил да присуствува на концертите и да вежба со неговиот син Волфганг, кој стана басист на Ван Хален во 2006 година.

Тој покажал музички талент од рана возраст, и се посветил на гитарата од 12-та година. Важи за еден од најдобрите рок гитаристи на сите времиња, а славата ја стекна со групата Ван Хален, која ја основаше со неговиот брат Алекс во 1972 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e