Пејачката Ребека искрено за борбата со коронавирусот

Пејачката Ребека Јанковска Ристовски преку подолг статус на Фејсбук соопшти дека прележала коронавирус, но и ја опишала борбата со вирусот кој веќе 2 години владее низ светот.

Во Фејсбук статусот, Ребека вели дека е вакцинирана со две дози „Синофарм“, но и објаснува што сè ѝ помогнало да се избори со опасниот вирус.

„Другари и тоа бидна. Прележав Ковид. По петнаесет дена чувствувам само замор. По направени анализи, се е како што треба. Малите го донесоа. Претпоставуваме од училиште. А, можеби не!? Никој не може точно да знае. Иако никаде не бевме претходните денови. Тие така речи без симптоми. Еден ден со температура и толку. Го мислев големиот батко. Тој немаше симптоми. Невозможно беше да го тестираме. Да пикнеш стапче во нос на дете со аутистичен спектар е невозможна мисија.

Вакцинирана со две дози Синофарм, но од втората поминаа 13 дена и јас се заразив. Си одлежав 7 дена, а 5 беа тешки. Антибиотик не земав иако спомнаа двајца доктори. Мојов не. Ми даде Фавира од првиот ден, а јас скришно си земав и Ивермектин. Од кашлање не можев да спијам, а со две мали деца дома и не мирував многу како што ми препорачаа. Маркијан со тато беа во гарсоњерата на баба. Тато со Спутник без симптоми, негативен. Спутник испадна одлична вакцина. Една баба болна со две вакцини фајзер од мај. На три антибиотика и една тетка од 87 години без вакцина со мали симптоми ден до два. Збунувачки,нели?!

Пиев по 3 до 4 литри течности: вода (со лимон,џумбир и мед), сок од бозел (домашен), чај (кантарион, мајчина душичка, маточина и ловоров лист), супи од кокошка од мојата мамичка и манџички, кисело млеко, каши т.н. смутија со шумска боровница, капини, јагоди замрзнати, јаболки, банани, хлорела, мед, мејпл сируп и овесни снегулки. МНОГУ МЕД И ПРОПОЛИС ОД АТИЏЕ И БОРОВ СИРУП ОД БЕРОВО, витамини и аспирини. Не јадев месо и леб. Правев вежби со дишење, палев темјан и се смирував со молитви.

Не бев во состојба да готвам и неузмерно и благодарам на мајка ми за сите пити, колачи, уштипци, манџи и др. изненадувања за моите мускетари.

Му благодарам на Господ Исус Христос, му благодарам на мојот Мики за целото трпение да одговори на сите мои прашања и и благодарам на баба Вера која првите 4 дена го чуваше Маркијан“, стои во објавата на Ребека.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e