Нина Бадриќ е цел на прогон: Непознат маж ја следи и ѝ се заканува!

Популарната хрватска пејачка, Нина Бадриќ, во последно време доживува вистинска драма.

Имено, поради долгогодишно вознемирување од страна на човек кој дошол на Хвар по неа, таа морала да побара помош од полицијата, пишува Слободна Далмација.

Според медиумите, пејачката одлучила да го пријави непознатиот маж затоа што често ја вознемирувал во Загреб, доаѓајќи пред нејзината врата, а сè тоа продолжило во Јелса на островот Хвар, каде што Нина има стан. Иако таа одбила да комуницира, упорниот маж не се предавал.

Случајот заврши во Сплитското општинско државно правобранителство, а подоцна бил префрлен во истото правобранителство во Загреб, каде што дотичниот маж има регистрирано живеалиште. Полицијата реагирала навремено, а на непознатиот маж му е забрането да се приближува и да воспоставува контакт со Нина, по што конечно престанале проблемите на пејачката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e