Николина Пишек се уште има последици по здравјето по труењето со гас во февруари

Водителката Николина Пишек Ристовиќ, инаку сопруга на Видоје Ристовиќ и нивната шестгодишна ќерка Уна на почетокот на февруари беа пронајдени во бесвесна состојба на подот од нивниот стан, поради труењето со јаглерод-моноксидот кога пукнала цевката со гасот кој го обезбедува греењето на целата зграда.

Убавата хрватска водителка вели дека моментите ja делеле од кобниот исход. Николина поради стравот и сеќавањето на страшниот настан не е во можност да се врати во станот, а во моментот живее со сопругот Видоје и ќерката во изнајмен стан додека нивните куќата во Загреб се реновира.

И денес – четири месеци по оваа траума – Николина не се опоравила од труењето со гасот и се бори со цела низа последици.

„Магла, нарушувања на краткотрајната меморија, чудни состојби… Сè уште постои опасност од белодробна емболија, поради што еднаш завршив во итната служба, а последиците се чувствуваат, како и кај мозочен удар, дури и до една година подоцна. Сè е тоа последица на труењето во февруари“, рекла Николина за „Јутарњи.хр“.

Водителката додала дека на нејзината ќерка ѝ биле дијагностицирани промени во мозокот и дека ќе мора повторно да се подложи на третман во хипербаричната комора, при што се вдишува 100-процентен чист медицински кислород, а кој може да го регенерира организмот.

– Ми рекоа дека белите дробови сега се постари од моите години, иако сум непушач и спортувам. Тоа е извештајот од рентгенот. Чувствувам краток здив и дишам плитко. Исто така, мора да го проверам моето срце затоа што имав промени во наодите. Јаглерод-моноксидот е гас што се врзува во крвта наместо кислородот и го дистрибуира до виталните органи. Први страдаат белите дробови и срцето. Бев сериозно отруена. Овој јаглерод-моноксид брзо излегува од крвта, но останува трајно оштетување на органите – рекла Николина во март за хрватските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e