Никол Кидман за секс сцените во филмовите: За ниту една сцена не сум рекла не

Холивудската дива Никол Кидман во текот на успешната кариера која што трае веќе со децении, имала широка лепеза на улоги кои што ги толкувала, а некои од нив вклучувале и голи сцени и сцени со секс.

Најзначаен меѓу нив дефинитино е оној во филмот на Стенли Кјубрик „Ширум затворени очи“ од 1999-та година, пренесува „Daily Mail“.

Австралијанката во спомнатиот еротски трилер глумела со тогашниот сопруг Том Круз, а режисерот од неа барал да се соблече целосно пред камерата.

„Ми кажа, „сакам целосна фронтална голотија“, а мојата прва реакција беше „ах, не знам“. Но, успеавме да се договориме. Постигнавме прекрасен договор и сè беше реализирано. Ми покажа сцени кои што вклучуваа голотија пред воопшто да почнеме да снимаме“ – се присетила актерката, па додала:

„Така можев да се чувствувам целосно сигурна. Навистина бев максимално заштитена и можев самоуверено да ги истражам сите аспекти на улогите кои што ми беа доделувани. За ниту една сцена не кажав „не“, но сакав да бидам сигурна што правам и не сакав светот да ми се смее“ – рекла Кидман во интервју за „The New York Times“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e