Некогаш најубавата жена на светот со емотивна објава: Трајно сум деформирана!

Поранешната топ манекенка Линда Евангелиста излезе на социјалните мрежи по повеќе од пет години молчење.

Пријавено е дека Линда станала непрепознатлива и дека драстично се променила, а сега објаснила во долга објава на Инстаграм што и се случило.

“Денес решив да направам голем чекор сакајќи да поправам се` што е погрешно и да дознаам низ што поминав и чував во себе повеќе од пет години. На сите мои обожаватели кои се прашуваа зошто не работам, додека кариерата на моите колеги, со кои ја започнав модната приказна, беа повеќе од успешни – причината лежи во фактот дека третманот CoolSculpting брутално ме уништи и направи се` спротивно на она што ми беше ветено “, започнала Линда.

“Наместо да ги намали моите масни клетки, тој ги зголеми и ме остави трајно деформирана, дури и откако направив две болни, но неуспешни операции. Останав, како што пишуваа медиумите, непрепознатлива. Имав парадоксална хиперплазија.Не бев предупредена за ова можна последица и ризик пред третманот. Затоа, не само што ја загубив егзистенцијата, туку паднав во длабока депресија, тага и почувствував најголем презир кон себе “, додала таа.

“Станав осаменик во тој процес, и со оваа тужба сакам да продолжам понатаму, да го тргнам тој срам и да ја кажам јавно мојата приказна. Уморна сум од овој живот. Посакувам да можам да излезам од дома со глава повторно високо крената, и покрај тоа што повеќе не личам на себе “, заклучила таа.
Во една прилика, таа изјавила дека не станува од кревет за понуда помала од 10.000 долари. Во времето на нејзината најголема слава, таа беше прогласена за најубава жена на светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e