Најзгодната жена на планетата, Ирина Шајк, тврди дека не ги разбира диетите

Руската манекенка Ирина Шајк претходно во интервју за „Women’s Health“ открила дека нејзините одлични гени ѝ даваат брз метаболизам и дека благодарение на тоа може да јаде брза храна.

Па така, Ирина ‘без грижа на совест’ јаде чизбургери, пржени компирчиња, кечап, мајонез… Па потоа одозгора истура газиран сок. Се разбира, само понекогаш. А има и посебен трик кога очекува модно снимање, па калоричната храна ја заменува со салати, варена риба и супи. Тоа ѝ гарантира дека ќе има рамен стомак, рекла познатата Русинка.

Манекенката често и самата на себе си подготвува храна, а омилени ѝ се специјалитетите од Русија.

„Додека бев мала, баба ми ми подготвуваше најдорби палачинки на светот, најдобри ќофтиња и најдобри кнедли. Навистина многу сакам храна и не разбирам како некои луѓе држат диета. Јас јадам сè“, рекла Ирена за „People“.

„Многу вежбам. Тренирам бокс и џијуџицу“, додала во интервјуто за американскиот магазин „People“, додека за „Women’s Health“ изјавила: „Ме фасцинира џијаџицу, бидејќи се состои од голем број комбинации на движења. Совршен спорт за постојано предизвикување на телото и пробивање на границите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e