На големо се подготвува свадбата – Петар Грашо и Хана ќе го изговорат брачниот завет

Откако беше објавено дека Петар Грашо (45) и Хана Хуљиќ (31) чекаат заедничко дете и планираат свадба, интересот за детали за двата најважни настани во нивниот живот продолжува.

Како што оренесуваат хрватските медиуми, двијката планира дури две прослави на својата љубов, една интимна и една за голем круг на пријатели, кои ќе се одржат кон крајот на летото, откако Хана ќе се породи.

Брачните завети ќе ги разменат во црква во Сплит на 19 февруари во Сплит, а на свечениот чин ќе присуствуваат само членовите на најблиското семејство: родителите на младенците Тончи и Вјекослава Хуљиќ, Зоран и Снежана Грашо, братот на Хана – Иван, сестрата на Петар, Буга и мајката на Вјекослава и две братучетки.

На црковната венчавка, Хана ќе облече венчаница од сплитските дизајнери Марија и Јурица Пириќ, кои ѝ ги правеа фустаните за сите други важни моменти во животот, како што е матурската вечер, но и за нејзините настапи.

Старосватица на невестата треба да ѝ биде пејачката Доменика Жувела, која и самата навести такво нешто.

Хана се’ уште не одлучила каква креација ќе носи на втората свадбена прослава, но познато е дека ова ќе биде една од најголемите забави.
Идните младенци, наводно, планираат да ги поканат сите свои пријатели и соработници, па се споменува бројка од дури 500 луѓе!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e