Милијардерката Меккензи Скот се омажи со пензиониран наставник по природни науки

Меккензи Скот, филантроп, милијардерка и поранешна сопруга на основачот на Амазон, Џеф Безос, се омажи во Сиетл, со наставник по природни науки. Тој пак, меѓу другото, изрази благодарност „за исклучителната привилегија што ќе ја има“, имајќи можност со партнерката да споделува толкава одговорност.

Ден Џует, го испрати тоа како соопштение до интернет-страницата на непрофитната организација „Гивинг плеџ“. Тој, инаку, бил наставник и до неодамна предавал хемија во приватното училиште „Лејксајд“, каде што учеле и децата на Скот.

„И сега, по случај на среќна случајност, јас сум оженет со една од најдарежливите и најљубезни личности што ги познавам – и ѝ се придружувам во заложбите да споделувам огромно финансиско богатство и да им служам на другите“, се вели во соопштението.

Откако донираше 1,68 милијарди американски долари на 116 непрофитни организации, универзитети, групи за развој на заедницата и правни организации минатиот јули, Скот побара тим советници заради помош за слични потфати и минатата 2020 година, со предност кон оние кои се финансиски погодени од пандемијата. Скот донираше вкупно 5,7 милијарди долари лани.

Така, таа беше наведена како втора меѓу 50-те Американци кои дале најмногу во добротворни цели, според годишното рангирање на „Хроника на филантропијата“. Безос е прв на на тој список, со донирани 10 милијарди долари за „Фондот на Земјата на Безос“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e