Менталната состојба на Бритни Спирс од ден во ден е се полоша

Адвокатот на пејачката Бритни Спирс (38), Сем Ингам, неодамна ја спореди моменталната ментална способност на својата клиентка со онаа на пациент во кома, што уште повеќе ги загрижи нејзините обожаватели ширум светот.

Се чини дека стравот на обожавателите на Бритни Спирс е оправдан поради нејзината ментална состојба, бидејќи во моментот таа е многу болна. Дури и нејзиниот адвокат вели дека во моментов нема можност самата да потпишува правни документи.

На 7 октомври се одржа последното рочиште за притвор на Бритни Спирс, а она што го изјави нејзиниот адвокат Сем Ингам загрижи многумина.

Тимот на Бритни бара Џоди Монтгомери да биде нејзин старател до февруари 2021 година, наместо нејзиниот татко Џејми Спирс, кој се повлече од таа позиција поради лошата здравствена состојба, но сега сака да биде нејзин законски старател.

Иако двете страни се појавија на сослушувањето преку интернет, адвокатот на таткото на Бритни, изјави дека најдобро е Бритни да се појави лично на судењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e