Меган Фокс открива дека се бори со телесна дисморфија

Меган Фокс откри дека има телесна дисморфија и длабоки несигурности во новото интервју за британскиот магазин GQ Style во кое таа говори заедно со нејзиниот партнер Машин-ган Кели.

35-годишната актерка вели: „Понекогаш ќе погледнеме некого и ќе помислиме: оваа личност е толку убава, нејзиниот/неговиот живот мора да е лесен . Но тие личности најверојатно не се чувствуваат така за себе“.

На прашањето дали така се чувствува, Фокс одговори: „Да, имам телесна дисморфија. Имам прилично многу длабоки несигурности “.

Клиниката Мајо телесната дисморфија ја дефинира како „нарушување на менталното здравје во кое не можете да престанете да размислувате за еден или повеќе перципирани дефекти или недостатоци во вашиот изглед – физичка маана која е навидум мала или незабележлива за другите. Ваквото дисморфично нарушување влијае на самодовербата и само-перцепцијата.

Оние кои имаат телесна дисморфија може да се чувствуваат толку засрамени и вознемирени што дури и избегнуваат многу социјални ситуации.

Фокс не навлезе во детали за својата дисморфија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e