Мајли Сајрус тврди дека видела вонземјанин: Се тресев 5 дена

Познатата пејачка и актерка, Мајли Сајрус, тврди дека имала контакт со вонземјани и дека тоа искуство било толку вознемирувачко што со денови не можела да погледне кон небото.

Во разговор за магазинот „Интервју“, Сајрус рекла дека имала искуство со вонземјани. Опишала дека во една прилика се возела низ Сан-Бернардино со пријател и дека некакво НЛО ја прогонувало.

„Прилично сум сигурна во она што го видов, но купив и марихуана од едно момче, па можеби е од тоа“, раскажала пејачката, пренесува „Indy100“.

Таа тогаш објаснила како изгледал тој НЛО и дека ‘блескал жолто’. Навела и дека нејзиниот пријател исто така видел НЛО, како и некои луѓе од другите автомобили.

Објаснила дека воспоставила контакт со очи со вонземјанинот.

„Ме погледна и воспоставивме контакт со очи и тоа е она што посебно ме шокираше, гледајќи во очи во нешто што не можам да си објаснам што е. Се тресев можеби 5 дена. Тоа потполно ме уништи. Повеќе не можев да гледам кон небото со исти очи. Мислев дека можеби ќе се вратат“, заклучила пејачката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e