Лејди Гага ќе ја пее американската химна на инаугурацијата на Бајден

Поп ѕвездите Лејди Гага и Џенифер Лопез ќе учествуваат на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џозеф бајден на 20 јануари во Вашингтон. Целата церемонија ќе биде во поинаква атмносфера поради пандемијата од коронавирусот и засилените мерки за безбедност по наслиството во Капитол Хил.

Лејди Гага ја доби честа на инаугурацијата во Вашингтон на скалите пред Капитол Хил да ја исполни американската химна. Веднаш латиноамериканската поп дива Џенифер Лопез ќе оддржи „музички перформанс“ соопштила од организациониот одбор на инаугурацијата на Бајден.

За време на изборната претседателска кампање двете светски ѕвезди го поддржаа Бајден. Новиот претседател на САД Бајден, Лејди Гага ја нарече своја „голема пријателка“, таа настапи и на неговиот последен предизборен митинг.

Лејди Гага и Бајден соработуваа уште за времето кога претседател на САД беше Барак Обама.

Церемонијата на инаугурацијата наречена „Обединета Америка“ ќе биде поинаква од сите претходни. Организаторите и локалната влас на Вашингтон ги повикаа Американците да не излегуваат на улиците и церемонијата да ја следат онлајн во своите домови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e