Квентин Тарантино станува писател – ги најави своите две книги!

Квентин Тарантино уште во април оваа година најави дека во претстојниот период ќе му се посвети на пишувањето книги. Сега тоа стана и официјално, бидејќи како што пишува порталот „Deadline“ Тарантино потпишал договор со издавачката куќа „HarperCollins” која ќе објави две негови книги.

Првата ќе биде „Си беше еднаш во Холивуд“, додека другата е „Cinema Speculation“.

„Си беше еднаш во Холивуд“ ќе биде објавена во летото 2021 година, најпрвин во мек повез, па во дигитална верзија, додека на есен ќе се појави и верзијата со тврд повез.

„Со гордост ја објавувам „Си било еднаш во Холивуд“, мојот придонес во овој често маргинализиран, но сакан книжевен поджарн“, изјави Тарантино кој додаде дека на тој начин ќе ги истражи ликовите кои ги создал во филмот.

Што се однесува на книгата „Cinema Speculation“, „Deadline“ ја опишува како книга која длабоко ќе нурне во филмовите од седумдесетите години.

Книгата ќе се состои од есеи, рецензии, личен осврт и „што би било, кога би било“ текстови. Притоа се споменува дека славната филмска критичарка Паулин Кил влијаела на оваа книга на Тарантино.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e