Кралицата Елизабета ја одбила наградата за „старица на годината“

Кралицата Елизабета љубезно ја одбила наградата која ја доделува магазинот “Oldie” за старица на годината. Во писмото упатено за организаторите рекла дека верува во тоа “стар си само доколку се чувствуваш старо” и дека таа не ги исполнува критериумите за награда.

“Нејзиното величество верува дека сте стари само доколку така се чувствувате, така што кралицата не верува дека ги исполнува релевантните критериуми за да може да ја прифати наградата и се надева дека ќе најдете подостоен примател”, рекол Том Лаинг Бејкер, кралскиот помошник.

“Oldie” е магазин кој излегува еднаш месечно наменет за повозрасните лица како “алтернативно списание опседнато со младоста и славните лица”.

Иако кралицата ја одбила наградата, церемонијата во вторникот помина со кралско одобрување. Камила, војвотката од Корнвал присуствувала и ги врачила наградите “Oldie Champion Knitter of the Year” и “Scrumptious Oldie of the Year”.

“Оваа соба е полна со богата историја, па е соодветно опкружување за овогодинешните награди “Oldie of the Year”, кои доделуваат признанија за достигнувањата на низа стари лица кои дали посебен придонес во светот”, рекла војвотката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e