Кралицата Елизабета бара експерт за Инстаграм, плата 27.000 фунти годишно

Британската кралица Елизабета Втора бара лице кое ќе го води нејзиниот профил на Инстаграм за плата од 27.000 фунти годишно со поволности, се наведува во огласот објавен на веб-страницата на Кралството.

Во огласот се наведува дека кандидатот ќе управува со налозите на Бакингемската палата на социјалните мрежи и потребно е да се има „талент за креативност“ и „око за дизајн“, пренесува лондонски „Сан“.

„Нема да имате два исти дена. Ќе имате можност да напредувате во вашата кариера и да оставите свој белег во срцето на оваа позната институција “, се наведува во огласот.
Конкурсот е отворен до 7 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e