Ким Кардашијан и семејството подарија 30 часовници „ролекс“ за крај на нивното шоу

Ток-шоуто „Дружење со семејството Кардашијан“ ги заврши своите последни сцени неодамна и за да го прослават крајот на една ера, Кардашијанови им подарија часовници од 10.000 долари на секој од 30-те членови на персоналот, пренесува порталот „ТМЗ“.

Под фотографијата со чаша шампањ што ја сподели за своите милиони следачи на Инстаграм, таа напиша: „Официјално плачам. Благодарам за секоја секунда”.

Најпопуларната sвезда на реалното шоу (40) сподели кусо бекстејџ-видео, на кое зад сцената со својата екипа го обележа крајот на шоуто „Дружење со семејството Кардашијан“.

„Тукушто го завршивме снимањето засекогаш. Зар не е тоа лудо? Сега пиеме со мојата екипа во мојот двор, се дружиме. На здравје – не знам – за 15 години, 20 сезони лудости и многу љубов“, вели таа во видео.

Минатиот септември семејството Кардашијан соопшти дека по 14 години и 20 сезони, нивното ток-шоу завршува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e