Кендал Џенер проговори за анкциозноста: Понекогаш мислам дека умирам!

Американската манекенка Кендал Џенер (25) се отвори за своето ментално здравје во новото интервју за списанието „Вог“, на чија насловна страница е овој месец.

Имено, познатата манекенка и ријалити sвезда овој пат беше искрена во врска со своите борби со менталното здравје, откривајќи дека понекогаш се чувствувала „како да умира“ поради анксиозноста.

Супермоделот започнал да доживува силна анксиозност кога имала само 8 години и не разбирала што ѝ се случува.

– Се сеќавам дека бев навистина мала, би рекла дека имав 8, 9 или 10 години, а имав отежнато дишење и одев кај мајка ми и ѝ го кажував тоа – се присети Џенер за „Вог“.

Откри дека како што напредувала нејзината кариера, нејзината анксиозност се влошувала.

-Мислам дека прекумерната работа ме извади од контрола – рече таа.

– Понекогаш чувствувам дека треба итно да ме однесат во болница, бидејќи мислам дека срцето ми откажува, не можам да дишам и ми треба некој да ми помогне. Понекогаш мислам дека умирам – рече Кендал.

И покрај огромното богатство и успех на 25-годишната девојка, Џенер ги потсети сите дека таа е само човек.

– Не станува збор за тоа што некој има, туку за тоа дека секој има чувства – заклучи таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e