Карлеуша заплака среде емисија – Зборуваше за Врањеш и за својата мајка!

За гостувањето на Јелена Карлеуша во ТВ-емисијата „Шок-ток“, долго време ќе се зборува. Пејачката првпат проговори за скандалот со фудбалерот Огњен Врањеш и откри колку страдало нејзиното семејство поради потезите на луѓето што сакале да ѝ наштетат, па во еден миг заплака и емисијата беше прекината на кратко.

Во еден дел на емисијата, поп-пејачката се задржа на тешкиот период по смртта на нејзината најоглема поддршка во животот – мајка си Дивна Карлеуша – и солзите повторно потекоа…

Една година носев перика бидејќи косата ми опадна од стресот. Само неа ја слушам. Ми велеше: „Дете, кој има трпение има и спасение. Секого од нив ќе го снајде сопствена мака.“ Таа почина и остави прекрасна трага. За неа никој нема да каже нето лошо. Трага оставаат добри луѓе“, истакна Јелена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e