Канје Вест е во тајна врска со Ирина Шајк?

Канје Вест е среде развод од сопругата Ким Кардашијан Вест со која беше во брак шест години.

Бракоразводната постапка започна во февруари.

Но, 43-годишниот рапер, наводно, е во врска со рускиот супермодел Ирина Шајк (35), според DeuxMoi.
„Канје Вест сега тајно излегува со Ирина Шајк, екс љубената на Бредли Купер“, напиша еден корисник како коментар.

Некои шоубиз медиуми веќе објавија дека раперот, наводно, тајно се гледа со супермоделот и потсетија дека Канје и Шајк се знаат повеќе од една деценија.

Во 2010 година Ирина се појави во спотот за неговата песна Power со ангелски крилја на себе. Две години подоцна таа беше дел од неговата модна ревија во Париз, а минатиот месец, Ирина промовираше креација DMX која раперот ја дизајнираше во сорботка со Balenciaga.

Ирина беше во врска со актерот Бредли Купер, со кого ја има четиригодишната ќерка Леа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e