Калиопи: Наближува 16 октомври и тагата ми го стега грлото се повеќе и повеќе

Познатата македонската пејачка Калиопи Букле на својот Инсаграм профил сподели видео по повод 14 -годишнината од загинувањето на нашата голема музичка ѕвезда, Тоше Проески, кој го загуби својот живот во сообраќајната несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска,

Имено во видеото на Калиопи се слуша дел од нејзина песна чии стихови ги посвети на Тоше.

„Барем да си тука и да те имам крај себе

Барем уште еднаш

моите раце сега да те гушнат.

Наближува 16 октомври, и тагата ми го стега грлото се повеќе и повеќе“, стои во описот на видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e