Кајли Џенер се наоѓа пред банкрот?

Ако Кајли Џенер (24) не се обиде да го ограничи неконтролираното трошење наскоро би можела да банкротира, пишува Page Six, повикувајќи се на сопствени извори и нагласува дека дури и членовите на нејзиното семејство се загрижени за неа.

Пред една недела милијардерката и ријалити-ѕвезда на Инстаграм објави видео во кое се пофали со новиот приватен авион вреден 72 милиони долари.

Приватниот авион беше паркиран до оној на нејзиното момче Тревис Скот, а до фотографијата таа напиша:

Ќе одиме со мојот или со твојот (авион)?“

Дополнително, таа се пофали дека со авионот патувала само 17 минути за да помине пат од само 50-тина километри, што би можела да го пропатува за 30-тина минути со автомобил – пат што таа го помина само за да стигне до аеродромот.

Објавата наиде на голем број негативни критики и коментари од следбениците кои велат дека таа е „вулгарна“ и дека воопшто не се грижи за климатските промени.

За да се одбрани од критичарите, таа објави видео на кое покажа дека заедно со ќеркичката Сторми (4) и внуките Чикаго и Тру пазари во „Таргет“ – продавница во која купуваат и „обичните“ луѓе.

Инаку, во 2019-та година Forbes ја именуваше за најмладата милијардерка, но по само неколку месеци, во 2020-та година нејзиното богатство падна на 900 милиони долари.

Според Forbes, Кајли и Крис Џенер лажеле за заработката и всушност нејзиниот бренд Kylie Cosmetics не остварува толку голем профит како што се пишува во медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e