Изгледа неверојатно: Џеј Ло со деколте и тесен кожен фустан

Џенифер Лопез одлично ја користи својата популарност, па така во последните месеци таа го репризираше изгледот со зелениот фустан на Версаче, го промени имиџот, а и често се појавува на насловни страници на светски магазини.

Овојпат, Џеј Ло покажа дека годините не ѝ можат ништо, фотографирајќи се за насловната страница на GQ, во едноставен, а ефектен тесен кожен фустан, разбушавена коса и минимална шминка.

Во интервјуто за истиот магазин таа отворено зборува за врската со Алекс Родригез, нагласувајќи дека се слични, напорно работат за да го постигнат она што го сакаат и се водат по своите амбиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ