Интернет шокиран од обидот на Кендал Џенер да исече краставица

Социјалните мрежи се преполни со бројни коментари откако беше објавено видео во кое Кендал Џенер сече краставица. Таа 26-годишна манекенка навистина не знаела да користи нож за да помине низ тој зеленчук и да го исече.

Видеото е извадок од семејното шоу The Kardashians кое се емитува на мрежата Hulu, а не е познато зошто полусестрата Ким Кардашијан решила да ги демонстрира своите кулинарски способности пред камерите.

Во последната епизода, Кендал дошла во вилата на нејзината мајка во Калабасас и сфатила дека е гладна, па сакала да си направи нешто за грицкање. Таа го одбила предлогот на нејзината мајка готвачот да и приготви нешто за јадење и заклучила дека може сама да си подготви оброк бидејќи сечењето краставица „не е тешко“. Како што се испостави, не и беше лесно.

Гледајќи ја нејзината ќерка како се мачи, Крис го праша готвачот: „Ќе и го пресечеш ли ова?“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e